Александар Усик сака борба со Ентони Џошуа на Вембли

Александер Усик се надева дека Ентони Џошуа ќе го победи Енди Руиз во втората борба, за да може да се бори идната година во Вембли, Англија. Усик (16-0, 12 КО) верува дека борбата со поранешниот шампион во тешка категорија Џошуа (22-1, 21 КО) ќе биде многу потешка од таа со Руиз, кој во моментов ги има титулите. Се уште нема датум и место за втората битка меѓу Руиз и Џошуа, но Еди Херн рече дека оваа недела ќе бидесе знае. Усик го чека дебито во тешка категорија со Карлос Такам.

Тие требаше да се борат во мај, но Усик беше повреден, а сега веројатно битката ќе биде во септември. ВБО веќе го рангираше Усик на врвот во тешка категорија и тој ќе биде во можност да се бори против победникот од Џошуа против Руиз, ако, се разбира, го добие дебито. Тоа е желбата на Александер и тој е подготвен.

„Сакам да се борам со Џошуа на Вембли. Мислам дека ова ќе биде потешка битка за мене отколку борба со Руиз. Многу луѓе ме прашуваат со кои противници во тешка категорија сакам да се борам. Сакам да се борам со Џошуа, Фјури и Вајлдер, бидејќи тие се најдобри во светот. Треба да ги победиш најдобрите ако сакаш да бидеш најдобар“, вели Усик.

Усик сè уште нема пораз и има скор од 16-0.

print