Александар Емилијаненко дојде до нова победа со нокаут (ВИДЕО)

Александар Емелијаненко ја запиша 26-тата професионална победа нокаутирајќи го во првата рунда Полјакот, Шимон Бајор. Борбата во тешка категорија ја преводеше Битката на Волга 3 настанот во рускиот Толјати.

На братот на Федор ова му е трета победа од враќањето на ММА натпреварите минатата година. Сите три настапи Русинот ги заврши со нокаут во првата рунда.

Емелијаненко во 2016 година е ослободен од затвор на условна казна, откако одлежа помалку од година и пол за силување. 36-годишникот во моментов настапува како претставник на Ахмат фајт клубот, тим во сопственост на контроверзниот чеченски претседател, Рамзан Кадиров.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...