Александар Емелијаненко потпиша договор Bare Knuckle FC

Александар Емелијаненко е последен во низата ММА борци кои ќе се испробаат во боксот без раквици.

37-годишниот Русин потпиша договор со Бер Накл ФЦ/ Bare Knuckle FC.

Емелијаненко поради низата проблеми со законот и престојот во затвор може да има пречки за добивање виза за САД, но објави дека се работи на проблемот.

„Драги пријатели, денес добив договор од Бер Накл ФЦ благодарение на Гагарин спортс менаџмент Сега почнуваме да се занимаваме со прашањето за визата. Ќе ве известувам за новостите“, објави преку социјалните медиуми.

Последниот ММА меч го имаше во август минатата година кога ремизираше со Тони Џонсон. Претходно беше во серија од пет победи.

print