Александар Димовски – Димса против Кристоф Нади во Базел

Алексанадар Димовски – Димса на 24 февруари ќе се бори против Кристоф Нади на Фајт најт во Кросхал во Базел Швајцарија.

Димса веќе подолго време не направил профи борба, а минатата година имаше настап во Регионaлната лига во бокс за Пинк Пантер од Штип, при што извојува победа.

Димса е повеќекратен шампион на Македонија во кик бокс.

Да потсетиме дека на истиот настан настапува и кичевчанецот Урим Саити против Тибор Варга, со  кого Димовски спарингуваше.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...