Александар Волков ја израдува публиката со победата над Грег Харди, Могамедшарипов славеше (ВИДЕО)

Александар Волков (31-7, 5-1 УФЦ) го совлада Грег Харди (5-2-1НЦ, 2-2-1НЦ УФЦ) со судиска ослука во борбата во тешка категорија на УФЦ настанот во Москва. Домашниот борец ја израдува публиката во ЦСКА арената, иако неговата победа не беше со нокаут.

Првата рунда беше попозициониран. Волков се потпираше главно на директи, додека Харди се обидуваше да биде поразнобразен. Американецот изведе неуспешно уривање во средината на рундата, а на крајот зададе две доста добри крошеа.

Во втората рунда Русинот ја презеде иницијативата. Тој го вознемируваше противникот со постојани ножни удари, со кои го држеше на растојание и го исцрпуваше, додека Харди тешко наоѓаше начин како да зададе опасни удари.

Во третата рунда Американецот почна ран напад, но не беше особено успешен. Потоа, Волков се врати на тактиката удари со нога телото и главата на Харди, што му донесе успех на мечот.

На крајот, судиите едногласно му ја доделија ппобедата на Волков со 30-27, 30-27, 30-27.

Дани Робертс (17-5, 6-4 УФЦ) со одлично кроше крајот на втората рунда тешко го нокаутира Зелим Имадаев (8-2, 0-2 УФЦ).

Во главната борба на вечерта Забит Магомедшарипов (18-1, 6-0 УФЦ) славеше против Калвин Катар (20-4, 4-2 УФЦ) со едногласна одлука и ја оствари шестата последователна победа во најсилната ММА промоција во светот.

print