Алварез: Головкин ми е на списокот

Saul Alvarez so race krenati

Саул Алварез-Канело (Мексико) ќе ги има еден од најсериозните тестови во боксерската кариера на 7 мај, но, и покрај тоа, тој повторно упати поглед кон супер ѕвездата Генади Головкин (Казхастан). Мексиканецот за 20 дена ќе се бори со англискиот техничар Амир Хан во Лас Вегас.

„Меч со Головкин влегува во моите планови. Ја сакам оваа средба. Таа ќе биде за навивачите. Не знам кога ќе се случи. Засега сум се фокусира на Амир Хан. Никогаш не ги потценувам моите ривали. Треба да сум подготвен на сè“, изјави шампионот на Светскиот боксерски совет во средна категорија.

Алварез има само еден пораз во својата кариера во импресивните 46 победи (32 со нокаут). Пораз е од Флојд Мејведер (САД). Билансот на Хан е 31 победа (19 со нокаут) и 3 порази.

print

Можеби ќе ви се допадне...