Акдемијата За-Нед-До е најуспешна на првиот Балкански шампионат за боречки спортови и вештини во Брчко

Академијата за боречки вештини „ЗА-НЕД-ДО“ од Битола изминатиов викенд  учествуваше на првиот Балкански шампионат во Брчко, Босна и Херцеговина, како официјален претставник на (WFMC) Светскиот совет за боречки спортови и вештини за Македонија, при што со 23 спортисти освои 34 медали – 25 златни, 7 сребрени и 2 бронзени. Со овој биланс Македонија беше најдобра репрезентација на шампионатот.

 

На настанот со над 400 натпреварувачи од сите ју-држави, Словачка и Унгарија, доминирале борбите од боречките спортови и вештини, особено во кик бокс, како и демонстрациите во самоодбрана.

Пред почетокот на Балканскиот шампионат од страна на стручниот совет на Светската организација претседателот на истата за Република Македонија, Златко Неделковски, е именуван и за претседател при Светската организација за регионот на Балканот кој брои 12 земји членки.

Македонскиот тим беше на ниво на својата задача и успехот беше неминовен, истакнуваат од нашиот табор, дотолку повеќе, кога постојано работите и кога согледувате дека натпреварувачите сакаат достоинствено, но пред се професионално да ги бранат боите на својата земја.

print

Можеби ќе ви се допадне...