Аид Салихаси ќе се бори за бронзениот медал Европското првенство (ВИДЕО)

Аид Салихаси ќе се бори за бронзениот медал на Европското првенство во борење за кадети слободен стил во категоријата до 46 килограми.

Нашиот репрезентативец во репасажот ја доби борбата против Ашраф Каримзада од Азербејџан кој не се појави на душекот, најверојатно поради повреда.

Салихаси во борбата за медал во 18:30 часот ќе се сретне со Аракел Мовсесјан од Ерменија кој во полуфиналето загуби од Гиорги Гегелашвили од Грузија со 1-5.

Мартин Стојанов (-54 кг) во репасажот е совладан со 10-0 од Русинот Александар Балтуев, како и Орхан Џафери (-63 кг) од Гиорги Ебалкиѕе од Гурзија со 0-10.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...