Адесања со спектакуларен нокаут до титулата (ВИДЕО)

Израел Адесања е нов шампион во УФЦ во средна категорија, откако со спектакуларен нокаут го победи Роберт Витекер во средината на втората рунда.

Адесања можеше да победи и многу порано во борбата, но крајот на првата рунда го спречи во неговиот обид, па Витекер си го одложи поразот за некоја минута подоцна.

Ме напаѓаше како што очекував, а јас имав еден куп планови за него. Ми кажаа дека немам сила за нокаут, но на крајот токму тоа се случи“, кажа Адесања по победата.

Искусниот борец сега се подготвува за борба со Пауло Коста од Бразил, кој исто така нема пораз во средна категорија.

https://www.instagram.com/p/B3RSWXQHltf/?utm_source=ig_embed
print