Адесања и Витакер на отворен тренинг пред мечот за обединување на титулите (ВИДЕО)

Најголемите sвезди на УФЦ 243 излегоа на отворен тренинг пред навивачите.

Во главната борба на стадионот „Марвел“ во Мелбурн, Роберт Витакер (20-4, 11-2 УФЦ) и Израел Адесања (17-0, 6-0 УФЦ) се среќаваат во меч за обединување на титулата УФЦ во средна категорија.

 Витакер стана привремен шампион во јули 2017 година со победа против Јоел Ромеро и последователно беше промовиран во полноважечки шампион откако Жорж Сент Пјер ја ослободи титулата. Оттогаш, само еднаш  се бореше. Минатото лето го победи Ромеро со поделена одлука во реваншот, но појасот не беше влог во таа борба, затоа што Кубанецот беше претежок на мерењето.

Поранешниот борец на Глорис Адесања ја освои привремената титула во април со победа против Келвин Гастелум.УФЦ 243:

Роберт Витакер – Израел Адесања

Ал Јакинта – Ден Хукер

Таи Туиваса – Сергеј Спивак

Лук Хeумау – Дeиго Лима

Џејк Метјус – Ростем Акман

Џастин Тафа – Јорган Де Кастро

Калан Потер – Маки Питоло

Меган Андерсон – Зара Ферн дос Сантос

Надија Касем – Yeи onон Ким

Калид Таха – Бруно Силва

Џејми Муларки – Бред Ридл

print