Адесања го совлада Андерсон Силва и го предизвика Гаштелум (ВИДЕО)

Израел Адесања ја забележа највредната победа во својата кариера. Тој водеше тактичка борба со Андерсон Силва – Пајакот на УФЦ 234 во Мелбурн. Нигериецот со новозеландски пасош ја покажа својата класа, брзина и извонредна техника против 43-годишниот ветеран.

Бразилецот имаше свои моменти во втората рунда, но беше тешко да се постигне чист удар. На крајот, сите тројца судии беа едногласни во одлуката. Публиката го испрати со овации Силва, кој најави дека нема да ја заврши кариерата.

Адесања направи многу сериозен предизвик на Келвин Гаштелум, кој требаше да се бори во главниот меч со Роберт Витакер. Средбата пропадна откако Австралиецот влезе во болница неколку часови пред почетокот на настанот.

УФЦ 234:
Израел Адесања – Андерсон Силва (едногласна одлука, 29-28, 30-27, 30-27)
Ландо Ваната – Марко Маријано (сабмишн, кимура, Р1)
Рики Симон – Рани Јаја (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-25)
Монтана де ла Роса – Надја Касем (сабмишн, армбар, Р2)
Џим Крут -. Сем Алеви (TKO, Р1)
Девон Смит – „Маестро“ Донг Хјун Ким (ТКО, Р1)
Шејн Јанг – Остин Арнет (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Каи Кара-Франција – Раулијан Паива (поделена одлука, 29-28, 28-29, 29-28)
Кјунг Хо Канг – Терут Ишихара (поднесок, давење од позади, Р1)

.

print