Абдурахим Идризи се враќа на ката натпреварите на Државното изборно првенство

Утре на Државното изборно првенство за кадети, јуниори и У-21 на катите и се враќа и Абдурахим Идризи од КК Макптерол кој во овој период беше постевен на борбите.

Така квалитетот во делот на катите на ова првенство ќе биде на повисоко ниво, бидејќи на него ќе учествуваат и сестрите Маријана и Мишела Димоски к ои се вратија од Австралија.

Ианку, Абдурахим во овој период во делот на катите вежбаше со Стојан Андриевски со поддршка од матичниот тренер Бошко Заборски.

Абдурахим на Европското првенство во Лимасол, Кипар, 2016 година го освои сребрениот медал, што е еден од најголемите успеси во поединечна конкуренција.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...