Абдурахим Идризи од Макпетрол е во финалето на Карате 1 Младинската лига

Абдурахим Идризи од КК Макпетрол се пласира во финалето на Карате 1 Младинската лига во Умаг, Хрватска, во јуниорска конкуренција до 55 килограми. Во финалето ќе се бори со Русинот  Максим Краснов.

И Омер Муслији (-63 кг) од КК Матејче во кадетска конкуренција имаше запазен настап, забележувајќи четири победи против противници од Босна и Хрецеговина, Хрватска, Ерменија и Италија, а за влез во полуфиналето е поразен од Пјахан Џефри од Англија со 0-1.

Александар Неделковски во кати – јуниори го освои седмото место.

Резултати
-55 кг
Абдурахим Идризи – Лукас Томас (Германија) 0-0
Абдурахим Идризи – Мирнес Аговиќ (Босна и Херцеговина) 3-0
Абдурахим Идризи – Максим Падолски (Белорусија) 2-2
Абдурахим Идризи – Никита Филипов (Украина) 5-0
Финале
Абдурахим Идризи – Максим Краснов (Русија)

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...