Дејан Богданов – потпретседател на ФБСМ: Размислуваме и за Лига натпревари!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Одамна во Македонија нема лига екипни натпревари во борење. Се знае- кој борач го намирисал душекот, секогаш останува со него, па дури и неговите најблиски. Познато е дека во борењето се вклучуваат цели семејства. Такви примери има многу во Македонија.. И сега има борачи кои извесно време апстинирале од борењето, сега пак да се вратат на душеците.Затоа, на потпретседателот на ФБСМ , Дејан Богданов му го поставивме прашањето- дали во Македонија се планира и лига екипни натпревари во сениорска конкуренција?

„По 8 јануари ќе одржиме седница на УО на ФБСМ. Ќе се договориме за се, па и за тоа како годинава ќе се одвиваат државните првенства. Дека ќе има турнирски државни првенства, тоа е познато. Каде ќе се одржи првиот турнир ќе одлучиме на првата седница на УО. Што се однесува за Лига натпревари во екипна конкуренција, мора прво да видиме какво е расположението кај клубовите- дали имаат доволно борачи за лига натпревари. Балканец е подготвен во сите категории да има лига натпревари, знам дека е и Лирија, но не знам за другите клубови.Сепак, да почекаме уште малку, на овие прашања ќе се обидеме да дадеме одговор на првата седница годинава на УО на ФБСМЗ“, изјави Дејан Богданов, кој деновите присуствуваше и на прославата на Балканец, кога се доделуваа признанија на најуспешните борачи.

Инаку, порано лига екипните натпревари предизвикуваа голем интерес меѓу љубителите на овој спорт. Во Радовиш средбите ги следеа и пет илјади гледачи, на Балканец во Штип, Лирија во Скопје, Спартак во Коачни, слична беше состојбата. Сега останува да се види- дали може и во кои категории да се организираат екипни натпревари? За турнирите се знаат категориите…

Ipon.mk/К.М.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone