Денес во Љубљана ќе се доделат првите титули во ФФЦ

Вториот дел од сезоната на ФФЦ 2014 беше отворен ФФЦ Фјучерсот 3 минатиот викенд во Загреб, на којучествуваа и претставници од Македонија, а Виктор Стојанов (-77 кг) во ММА стигна до полуфиналето.

Telop-FFC14-ljubСепак, на ред е нова претстава од главната серија од ФФЦ-те претставувања. Оваа хрватска организација по трети пат се навраќа во Љубљана, на некој начин ќе се испишува историјата со воведувањето на првите мечеви за титулата првак на ФФЦ Фјучерсот.

ММА како дел од ФФЦ го предводат Леми Крушич и Антун Рачиќ во категоријата до 66 килограми, додека во кик бокс главни ѕвезди се Само Петје и Тео Микелиќ во категоријата до 70 килограми. На програмата има уште дестет мечеви, доволна причина да се биди во салата Тиволи во Љубљана.

Вечерва во Тиволи ќе настапат, кик бокс:

Милош Ивас-Васил Дуцар,  -95 кг

Алан Карчевски-Иван Билиќ, -77 кг

Маурад Туноти-Валентин Рибалко, -70 г

Боба Крушиќ-Миран Фабјан, -83 кг

Џенан Потурак-Денис Чорчип, -91 кг

Само Петје-Тео Микелиќ, -70 кг – инагуративен меч за титула;

ММА:

Ласло Бенко-Владислав Канчев, -77 кг

Иван Скоко-Павел Дорофтеи, -84 кг

Лука Јелчиќ-Елиа Мадау, -70 кг

Томислав Спаховиќ- Шандор Окорос, -93 кг

Леми Крушиќ-Антун Рачиќ, -66 кг- инагуративен меч за титула.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО