Кристина Стојчевска:Само вистинските мажи можат да се справат со силни и храбри жени!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

kRISTINA STOJCEVSKA PLAKAT

На 18 април во Врашава, Полска, на „ДСФ кикбоксинг челинг“, Кристина Стојчевска (1993) ќе се бори против Дорота Годизна во К-1, како дел двомечот Полска – Македонија, што ќе биде петта професионална борба во нејзината кариера.

Покрај нејзе, професионални борби ќе имаат и Димитар Георгиев во фулконтакт и Мики Ивановски во К-1.

 „Одлуката да се бавам со кик бокс беше спонатана. Татко ми Љупчо Стојчевски, кој сега е меѓународен судија, ги сака боречките вештини и често не учеше мене и сестра ми самоодбрана. Така, прво сестра ми почна да тренира, нешто подоцна почнав и јас“, – вели Стојчевска за тоа како почнала да се занимава со кикбоксот во интервјуто за ipon.mk.

 Kristina Stojcevska pobednik

Што очекуваш од претстојниот дуел во Полска, кој е професионален?

-Очекувам добра борба. Oва ќе биде мој пети професионален меч, прв пат во К-1 дисциплината.

Што знаеш за противничката?

-Со противничката прв пат се сретнавме 2010 година на Европското првенство во Грција, каде требаше да се бориме во финале, за жал финале немаше, бидејќи јас бев дисфалификувана од политички причини. Втората средба со Дорота беше на Светското првенство во Скопје каде се боревме во дисциплината кик лајт, и јас изгубив. Третата средба беше на последното Европско првенство во Марибор, Словенија, каде, исто така, загубив со многу мала разлика. Поради тоа имам голем мотив сега да и се рефанширам. Така што, добро ја познавам и ги следам нејзините настапи. Знам дека е неколкукратен светски и европски шампион, има добра техника и голем плус за нејзе е висината. Работи во повеќе дисцилини, најчесто на татами.

Имаш ли време за подготовки, бидејќи студираш во Словенија?

-Да, секогаш имам време за тренинзи. Тие ми се еден од приоритетите во животот. Студирам на Факултетот за безбедност во Љубљана, насока –криминалистика.

Kristina na srbija open

Како успеваш да ги усогласиш сите обврски, односно да бидеш секогаш на располагање на селекторот на репрезентацијата?

-Кога се сака се се може. Кикбоксот е нешто што го работам со љубов и, како што кажав, ми е еден од пририотетите во животот. Обврски што ги имам се трудам да ги распоредам најдобро што можам, до сега ми успева…:)

Како се подготвуваше за овој меч?

-Напорни тренинзи по двапати дневно, интервали и спаринзи. Имаме направено програма со тренерот и работиме по таа програма.Kristina so tabla macedonia

Какви се твоите планови за годинава? Може ли да очекуваме медал од Светското првенство?

-Подготвување за предстојните турнири во мај и јуни и се разбира поготовки за светското првенство. Цел ми е, секако, оваа година да се закитам со еден од медалите на светското првенство.

Како гледаш на твојата кариера како кикбоксер, од една страна, и како акдемски граѓанин?

-Приоритет ми е да дипломирам, потоа и да магистрирам, и, ако имам среќа, да тргнам на работа во сферата на безбедноста. Паралелно би продолжила да тренирам и да се натпреварувам, а еден ден да продолжам како тренер.

Како си прифатена во Словенија? Тренираш ли таму со некого?

-Одлично сум прифатена во Словенија. Тренирам во Кик бокс клубот Центар- Љубљана, кај тренерот Игор Пацек. Имам одлична екипа која работи со мене и која ме подржува пред секој натпревар.

Како е во едно семејство каде што таткото е поранешен кикбоксер и сегашен судија, а неговите ќерки се врвни кикбоксерки?

Интересно! Голема подршка сме си едни на други, во исто време и критичари.

Kristina na evropsko

Колку си приврзана за Делчево?

-Па не многу, од мала патувам и не сум многу приврзана за Делчево. Сега, кога живаем во Љубљано, понекогаш ме фаќа носталгија, од друга страна, ми недостига семејтвото, роднините и блиски пријатели.

Kristina so Ile RisteskiДелчево станува центар на кикбоксот во Македонија, по Маја Витановска, Ангелчо Вучевски, Борче Ивановски, Мики Ивановски, ти и сестра ти Елена, сте дел од успесите на македонскиот спорт. На што се должи тоа?

-Делчево навистина е гратче на кик боксери. Мислам дека тоа се должи на желбата, волјата и љубовта спрема овој спорт. Искрено, не сме имале некои феноменални услови за тренинзи, а, сепак, има добри резултати, кои се должат на добар тренер, дициплина и желба за победа.

Освен спортот, што друго те интересира?

-Освен спортот, пред се, ме интересира тоа што го студирам и целосно се посветувам на факултетот, за навреме да ги положам сите испити. Покрај кик бокс, уживам и во трчањето на долги патеки.

Имаш ли момче? И како реагира или како реагираат момчињата кога ќе дознаат дека си кикбоксерка?

-Ќе останам воздржана во врска со тоа прашање, само ќе додадам дека само вистинските мажи можат да се справат со силни и храбри жени.

За Критина СтојчевскаKristina i tatao Ljupco

 Со кикбокс почнала да се знимава кон крајот на 2001 годниа, на седум и пол годишна возраст во КБК „АС“ во Делчево, кај тогашниот тренер Горан Велков.

Првиот меѓународен турнир го има на 9-годишна возраст во Хрватска, каде што го доживува првиот пораз, кои, всушност, се мотивите да остане и да се занимава со овој спор.

Вкупно има 61 борба, од кои 4 професионални. Победите и поразите и се тука некаде. Професионалниот скор е 3 победи и 1 пораз.

Во 2013 се бореше за балкаска титула во Нови Пазар во лоу кик -52кг во 5 рудни по 3 минути со Србинката, Ајла Лукач, која е актуелен светки првак. За жал ја загубила борбата.

 ipon.mk/В.Донев

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone