47.„Златниот гонг“ во петок и сабота нуди квалитетни борби
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

 

Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ оваа година ќе се одржи по 47-ми пат во петок и сабота во СЦ „Борис Трајковски“ со боксери од Македонија и уште 6 други држави,согласно доставената програма.

Натпреварите ќе започнат со полуфиналните борби во петок со почеток од 16:00 до 19:00 часот додека свеченото отварањето на настанот ќе се одржи во петок од 17:30 часот. Во сабота е предвидено да се одржат финалните борби со почеток од 11:00 часот, а доделувањето на наградите и признанијата е предвидено со почеток од 14:00 часот. За учество на гонгот се пријавени околу 40 боксери.

На прес конференцијата во Агенција за млади и спорт, директорот Дарко Каевски потенцираше дека оваа манифестација станува македонски спортски бренд на Балканот и Европа и од таа причина Агенцијата за млади и спорт се јавува како генерален покровител.Поддршката која Агенцијата за млади и спорт е во насока на дополнителна афирмација на боксот во Македонија, како е ден од нашите најуспешни спортови.

„Се надевам на фер плеј борба и судење и упатувам покана до сите вљубеници на боксот да уживаат во перформансите на сите учесници“, изјави Каевски.

Свое излагање околу спортската манифестација и околу очекувањата имаше и селекторот на македонската боксерска репрезентација Петре Чурлиновски.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone