Светски ден на џудото-Чест
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

12worldjudoday2014news

Традиционално, Македонија, џудо федерацијата на Македонија и џудо клубовите од земјата и годинава ќе се вклучуваат во одбележувањето на Светскиот ден на џудото, 28 октомври.

Годинашниот фокус ќе биде насочен кон „честта“ (Honour), тема која што беше одбрана со гласање на фејсбук профилот на интернационалата џудо федерација.

Темата „Чест“ е наследник на „Упорност“ (Perseverance), „Џудо за сите“ (Judo for all) и „Почит“ (Respect), теми кои изминатите три години го одбележаа денот на тренерите, навивачите, џудистите и сите оние кои ја чуствуваат пасијата на еден од најпрактикуваните светски спортови.

Светскиот ден на јудото (#WorldJudoDay) и годинава ќе се одбележи на 28 октомври, денот на кој е роден основачот на џудото, Јигоро Кано.

Денес, повеќе од 20 милиони луѓе од целиот свет секојдневно тренираат џудо. Интернационалната џудо федерација брои повеќе од 200 национални федерации и пет континентални сојузи.

Светскиот ден на џудото има за цел да ги покаже спортските вредности, но и да докаже дека џудото е повеќе од спорт. Џудото е образовна алатка која може да им помогне на луѓето да живеат заедно и да се почитуваат еден со друг. Целта е да се зголеми бројот на џудисти во целиот свет и да помогнеме да се промени животот на луѓето со користење на моќта на џудо.

er_b28q8628 zeni

По повод светскиот ден на џудото, председателот на интернационалната џудо федерација, господинот Мариус Визер, рече: „Драги џудисти и вљубеници во џудото, по повод Светскиот ден на џудото би сакал да ги повикам сите џудисти и џудо заедници во светот да ги следат, бранат и промовираат олимпискиот дух и вредности кои се исто така вредности на нашиот спорт. Би сакал да повикам на единство и солидарност и преку енергијата и духот на џудото да ја зголемиме нашата заедница и да изградиме подобар свет“.

 guilheiro_afp

 Двојниот олимписки освојувач на бронзен медал, бразилецот Леонардо Гиљеиро има своја дефиниција за годинашната тема „ЧЕСТ“: Чест значи карактер, почит и интегритет. Во џудото, овие именки се повеќе од зборови, бидејќи честта е основа на која џудото е изградено“.

Членот на американскиот тим, бронзениот олимпиец Џим Брегман кој во 1964 во Токио го освои првиот медал за соединетите американски држави во џудо, вели: „За мене честта значи покажување почит и восхит кон човештвото, земјата и универзумот.

„Почитта значи смиреност, благодарност, великодушност и разбирање на вредноста на сите нешта. Земјата е сина точка, нашите животи се минливи искра, универзумот е, добро, бесконечен и можеби, можеби, на крајот непознат за нас”, заврши 72 годишниот Брегман, кој годинава слави 50-годишнина од своето учество на Олимписките игри во Токио.

 ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone