Златен гонг: Јасин Лама поразен, најдобра борба Зајми-Лазар! (ФОТО)

Jasin Lama i anglicanec

Вечерва во Скопје се одржаа полуфиналните борби на 45. Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“, а нашиот претставник Јасин Лама (-56 кг) е поразен од Кристофер Бурк од Англија со прекин во првата рунда.

Legendite na boksot Zlaten gong

Борбата почна со иницијатива на Англичанецот, но Лама успеа да се ослободи од притисокот и да зададе неколку удари. Бурк повторно доведе Лама во позиција да се брани во аголот, при што му зададе силен удар во пелксусот на нашиот боксер, при што и по броењето не можеше да се соземе, а судијата ја прекина борбата.

Најинтересна борба беше онаа во категоријата до 60 кг меѓу Таулант Зајми (Косово) и Михаил Лазар (Романија), која ја подигна публиката на нозе. Во првите две рунди поконкретен беше Зајми, а во третата Лазар. И двајцата се бореа беспоштедно од првата до последната минута, а судиите победата му ја доделија на Зајми.

Златниот гонг го отвори градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Покрај него на Гонгот беа и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, Борче Боев од Сојузот на спортски федерации на Македонија, Насе Насев од МОК, претседателот на БФМ – Војо Настевски, легендите на Македонскиот бокс Реџеп Реџеповски, Вели Мумин, Азис Салиху, Живко Дуковски, како и првиот освојувач на Златниот гонг во 1969 година, Звонко Вуин, кој доби признание од АСМ.

Утре се финалните борби на кои ќе настапта четворица наши боксери: Гоце Јанески, Осман Демиров, Исак Сулејман и Идриз Бислими.

За најдобрите боксери ќе одлучува респектабилна комисија: Аце Русевски-носител на бронзен медал од ОИ 1976 Монтреал, Реџеп Реџеповски-сребрен медал ОИ 1984 Лос Анџелес, Вели Мумин-бронзи од ЕП-а, Ветон Салиху и професорот и тренер Руждија Калач.

Резултати полуфиналето на „Златниот гонг“.

Rezulttai Zlaten gong polufinale

  Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО