10 години МАФ – АМ: Мајсторот Микеле Кваранта одржа семинар во Скопје (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Mikele kavntarama seminar aikido vo Skopje

Викендов во Скопје се одржа аикидо семинар по повод јубилејот – 10 години од основањето на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија.

Aikido seminar Kavtarama skopje demonstracija

Семинарот се одржа под водство на мајсторот Микеле Кваранта, кој е една од водечките фигури во европското аикидо и поради тоа е технички управител на повеќе аикидо организации во неколку европски држави, меѓу кои и на МАФ – АМ.

Kvantarama vezbanje

На семинарот зедоа учество аикидоки од сите клубови членки на федерацијата, но имаше и гости од неколку странски земји: САД, Холандија, Швајцарија, Бугарија и Србија.

Kvantaram diplomi

Покрај редовната програма на претставување на нови техники, движења и зафати, на последниот од трите тренинга беше направена и мала церемонија за доделување на дипломи за неколку нови македонски мајстори. Беа врачени 4 дипломи за 1 дан и една диплома за 3 дан на Владо Стојановски, Александра Петковска, Ѓоко Митев, Костадин Митев и Дамјан Цингарски.

Ipon.mk/В. Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone