10-години Уечи рју Окинава карате во Македонија (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Во организација на Карате клубот Окинава од Велес, чиј инструктор е Боре Видевски 3 дан, 11 ноември во Велес се одржа прослава на 10-годишнината од постоењето на Окинава карате стилот „уечи рју“.

Овој клуб е главен претставник за овој изворен карате стил, а воедно и член на Окинава карате асоцијацијата со седиште во Окинава (Јапонија).

Главни гости на прославата беа сенсеи Милан Димитриески -6 дан- Ренши и сенсеи Милош Кончар – 4 -дан од Српската Окинава карате асоцијација со седиште во Белград.

На презентацијата се прикажаа достигувањата на овој карате клуб за изминатиот период. Покрај карате гостите, на настанот беа присутни и членови на Клубот за реален аикидо „Рандори“ од Велес, Центарот за боречки вештини „Бушидо“ од Велес и Кјокушин карате клубот „Ронин каи“ од Кавадарци.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone