Џудото, борењето и боксот со нови дисциплини на Олимпијадата во Токио 2020
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Интернационалниот олимписки комитет ги соопшти радикалните промени во програмата за натпреварување на ОИ во Токио 2020 и вклучи нови дисциплини на програмата. Меѓу новите дисциплини се борбите во џудо – мешано екипно, борењето ќе има повеќе дисциплини за жените, а во бокост две машки категории се заменуваат со две женски.

Пред Олимпиксите игри во Рио 2016 беа примени пет нови спортови: бејзбол, карате, скејтбординг, спортско качување и сурфање.

Но на ОИ во 2020 ќе има уште неколку новитети, ИОК денеска соопшти дека ќе има 15 нови дисциплини во однос на Рио.

Претседателот на ИОК, Томас Бах најави дека игрите ќе бидат „помлади, поурбани и ќе вклучуваат повеќе жени“.

Во Токио ќе има баскет три на три, како и мешани штафети во атлетика и пливање.

Ќе има и поголема изедначеност на бројот на машки и женски спортисти, па неколку дисциплини од машка категорија се отспатени на жените.

Нови дисциплини во Токио:

Пливање – 800 метри мажи, 1500 метри жени, 4х100 метри мешано мажи и жени
Стреличарство – мешано екипно
Атлетика – 4х400 мешана штафета
Кошарка – 3х3 мажи и жени
Велосипедизам (BMX) – Слободен стил мажи и жени
Велосипедизам – патека мешано мажи и жени
Мачевалство – екипно (мажи и жени)
Џудо – мешано екипно
Пинг понг – мешани двојки
Триатлон – мешано екипно

Борење – повеќе дисциплини кај жените

Бокс – две категории повеќе кај жените – 5, а две помалку кај мажите – 8

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone