Џо Смит го шокираше Анджеј Фонфара во првата рунда (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

joe smith

Џо Смит Јуниор (22-1, 18 КО) приреди големо изненадување на Премиер боксинг чемпионс во Чикаго.

26-годишниот боксер од Њујорк во првата рунда го нокаутираше Полјакот кој живеат во Чикаго, Анджеј Фонфара (28-4, 16 КО) и го освои меѓународниот појас на ВБЦ.

Смит  го собори Фонфара со десно кроше по две минути од борбата. 28-годишниот Полјак едвај успеа да одговори на броењето, а потоа Американецот го заврши со серија на удари и го подготви едено од најголемите изненадувања на годината.

По поразот на Адонис Стивенсон во мечот за ВБЦ појасот во полутешка категорија, Фонфара ги победи Јулиј Цезар Чавез Јуниор и Натан Клеверли.

Трократниот американски олимпиец Рау’ши Ворен (14-1, 4 КО) во реваншот мнозинска одлука на суииите го победи Доминиканцот Хуан Карлос Payan (17-1, 8 КО), кој му го нанесе единствениот пораз во неговата професионална кариера и ги освои ВБА и ИБО светските титули во бантам.

https://youtu.be/mXaGA10o9no

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone