Џошуа: Паркер ќе ме почитува кога ќе го претепам
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Светскиот шампион во тешка категорија на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) и Светската боксерска асоцијација (ВБА) Ентони Џошуа остро го нападна следниот ривал Џозеф Паркер, кој е носител на титулата на Светската боксерска организација (ВБО).

Веќе е потврдено дека борбата ќе се одржи на 31 март на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф и победникот ќе стане шампион на три од четирите боксерски федерации. Бидејќи Паркер често ги навредува и омаловажава постигнувањата на Џошуа, сега Англичанецот одлучи да се сам да се справи со овие напади.

„Нема да ја стиснам раката на Паркер по мечот. Но, јас ќе го натерам да ме почитува. Ќе ме сака со тепање. Знам што зборува за мене. Во спортот има луѓе како Роже Федерер, Енди Мареј, Луис Хамилтон, Кристијано Роналдо, Меси, Леброн Џејмс … и има луѓе како Паркер – тој едноставно не може да се контролира и нема ништо спортско во себе.

Но, јас прифатив дека ќе го скршам. Не е сериозно да се тврди затоа што имал здрава муцка, дека нема да успеам да го победам. Карлос Такам почна да се уморува кога почнав да го удирам во телото, па токму тоа ќе го направам и со Паркер – ќе го удирам во телото, штом има здрава глава, а така ќе ја добијам пресметката“, рече Џошуа за Скај спорт.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone