Јашари и Реџепи го завршија настапот на Светското првенство во Чиле
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Порази на Арбреша Реџепи и Хамза Јашари на Светското првенство во Чиле.

Арбреша Реџепи (-48 кг) во првото коло  Светското џудо првенство за кадети Сантјаго – Чиле е поразена од фаворитката Аико Ватанабе од Јапонија со 1 ипон и 1 вазари.

Бидејќи Ватанабе не се пласира во финалната четворка, Арбреша не доби шанса за репасаж.

И Хамза Јашари (-66 кг) е поразен во првата борба со вазари од Молдавецот Петру Пеливан.

Утре ќе настапи и Еди Шерифовски (- 73 кг) кој ќе бори против Лик Вокер од Тринидад и Тобаго.

На Светското првенство учествуваат 441 натпреварувач од 68 држави, од кои 235 во машка и 206 во женска конкуренција.
Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone