Хаос во кампот на Мек Грегор: Кавгата со Малигнаги заврши со напуштање на кампот!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Поранешниот светски боксерски шампион во две категории Полие Малигнаги се зафати да му помага на шампионот на УФЦ во лесна категорија Конор Мек Грегор, за да се подготви за долгоочекуваната боксерска супер битка против Флојд Мејведер.

Сепак, соработката меѓу нив двајцата може брзо да заврши.

Малигнаги апсолутно е бесен на Конор Мек Грегор и неговиот тим, откако беше објавена контроврезна фотографија на социјалните мрежи од кампот на Ирецот.

Полие Малигнаги кој за Брет Окамото од ЕСПН изјави дека не се стигнувало до нокдауни меѓу него и Мек Грегорr во нивните спаринг средби, туку имало само „туркање“, не како што ја раширија веста Мек Грегор и неговиот тим на Твитер поради недостаток на етика.

Малигнаги сака Мек Грегор и УФЦ да ги пуштат целосно непреработените видео материјали од вежбањето.

„Не е убаво да нацрташ слика која не е точна, тоа е судирот за време на спарингот. Пуштете го целото видео од 1-та до 12-та рунда, необработено“, изјави Меџик мен во врска со објавената слика од таборот на Мек Грегор.

"That oh my god power" @ginger_beard_photos

A post shared by Gerard Byrne (@gerry_byrne88) on

„УФЦ имаат камери во целиот фитнес и снимаат 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Нобработеното видео од 1 до 12 рунда постои1 од вторникот вечерта, нека видат навивачите“, додаде Малигнаги.

„Дојдов да му помогнам на овој камп, не да биде експлотиран, но сега ќе ја добиеш вистината. Пушти го целото необработено видео од вторникот вечерта“, заврши лутиот Малигнаги.

Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер ќе се сретнат на 26 август во Т-Мобиле арена во Лас Вегас.

Ова се двете спорни фотографии:

.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone