Хабиб сака светска турнеа и Мек Грегор пред 80.000 гледачи во Москва
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

nurmagomedov-i-m%d0%b5%d0%ba-gregor

Хабиб Нурмагомедов има големи планови за 2017 година. Непоразениот Дагестанец (24-0) прво планира да го порази Тони Фергусон за времениот појас во лесна категорија, а потоа сака да се бори Конор Мек Грегор на мега-настан во Русија.

„Тони Фергусон е во серија од девет победи. И тој ја заслужува оваа борба. Сакам да го победам Тони Фергусон и да го земам привремениот лажен појас и потоа да се борам со Конор за вистинскиот. Тоа е она што го сакам во 2017 година“, рече Хабиб Нурмагомедов на ММА часот.

Што се однесува до Фергусон, последниот договор беше да се сретнат на УФЦ 209 во Бруклин, но преговорите се заглавија, а Хабиб дури и самиот се обиде да го реши.

Првакот Мек Грегор сака да го пречека на домашен терен. УФЦ во моментов работи на организацијата на првиот настан во Русија, а претседателот на компанијата, Дана Вајт, и самиот призна дека не планираат да доаѓаат без најголемите руски ѕвезди. Нурмагомедов сака да ја искористи можноста за голема борба со Мек Грегор и верува дека без проблеми ќе привлече публика од најмалку 100.ООО луѓе. Исто така би сакал УФЦ да организира и промо турнеја, слично на она што го направија за Мек Грегор и Хозе Алдо во пресрет на УФЦ 189.

„Јас сум познат во Русија, и морам да кажам дека Конор исто така е познат во Русија. Ако УФЦ направи голема од типот турнеја на Рио де Жанеиро, Лас Вегас, Њујорк, Торонто, Лондон, Москва, Токио и секаде направи голема ПР програма. После тоа УФЦ да ми го даде Конор и три месеци да се подготвам и тоа да го направиме во арената пред 80.000 гледачи во Москва, сигурен сум дека 100 отсто дека картите ќе се распродадат“.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone