Хабиб: Имам повеќе фанови од Мек Грегор и ќе го натерам да се предаде
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

habib-so-kapata

Кандидат №1 за титулата во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, продолжува со притисокот да добие шанса да се бори за појасот, кој во моментов е во сопственост на Конор Мек Грегор.

Хабиб дури се закани ако не добие шанса да се бори за титулата дека ќе го напушти УФЦ и ќе се потруди компанијата никогаш да не одржи настан на територијата на Русија.

Според Нурмагомедов, тој има повеќе фанови од Конор Мек Грегор, иако, очигледно, Ирецот е најголемата ММА ѕвезда на планетата во овој момент.

„Конор е популарен, но ако зборуваме за навивачи, јас имам повеќе од него. Многу повеќе. Да кажеме дека во Ирска живеат 6 милиони луѓе. За што зборуваме? Јас имам 150 милиони фанови само во Русија. Но ако зборуваме и за Украина, Белорусија, Азербејџан, Казахстан, Таџикистан Киргизтан. Насекаде. Бахреин, Саудиска Арабија, Турција“.

Хабиб истакна дека ако влезе во октагонот со Конор Мек Грегор, тогаш ќе го присили Ирецот да се предаде.

„Мојот стил е многу тежок, бидејќи правам притисок врз противникот и можам да се спуштам на подот. И сум во многу добра кондиција. Конор има многу добар страјкинг – сите го знаат тоа. Добар бокс, добар тајминг. Неговите контра удари се многу добри. Но, сите знаат дека имам многу добра контрола, борба и притисок. Зошто да се борам во стоење со него? Ќе го соборам на земјата, ќе го исшлакам, ќе го изнервирам, ќе му зборувам и ќе го натерам да се предаде“.

https://youtu.be/XQ0qPuIA2bs

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone