Федор Емилијаненко ќе се сретне во Белатор со Мет Митрион на почеткот на 2017-тата
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

fedor-trca-vo-suma

Легендарниот Федор Емилијаненко е се поблиску до своето деби во американската организација Белатор ММА.

Според информации од Фло комбат, „Последниот император“ води преговори за меч со поранешниот УФЦ борец, Мет Митрион, во кафезот на Белатор во 2017 година, што можеби ќе биде за време на првиот настан на организацијата во Њујорк.

40-годишниот Емилијаненко мина по трнливиот пат при повторното враќање во спортот минатата година. Русинот го победи никому познатиот Синг Џаидеп во првата борба во 2015 година, а потоа едвај се извлече од тешките раце на Фабио Малдонадо со судиска одлука. Не е тајна дека на Емилијаненко му е потребна убедлива победа за да си ја поврати славата на еден од најдобрите борци во тешка категорија.

За 38-годишниот Митрион победа над легенда Федор може да направи чуда за неговата кариера. Митрион има статистика 2-0 во Белатор, но „Митхед“ има потреба да се докаже над големи имиња, за да го добие потребното внимание.

Се уште ништо официјално не е потврдено, но таков дуел би одиграл голема улога во растот на популарноста на Белатор.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone