Федор Емилијаненко против Френк Мир
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Договорена е првата борба на турнирот на тешкашите на Белатор.

Американската промоција на турнирот на осумината ќе одлучи кој ќе стане нов владетел во тешка категорија откако на Виталиј Минаков му е одземен појасот.

Бивши првак на Прајд, Федор Емелијаненко, во четвртфиналето ќе се бори против поранешниот УФЦ шампион Франк Мир. Борба е договорена, но договорите се уште не се потпишани.

Мир (18-11) не се борел од март 2016 година, кога го загуби со нокаутот од Марк Хант. По оваа борба беше позитивен на допинг тестот и беше суспендиран. Во моментов е во низа од два порази, а борбата со Федор ќе му биде дебитантскаа на Белатор.

Емелијаненко (36- 5, 1 НЦ) не славел во Америка од 2009 година кога го нокаутира Брет Роџерс. Во последното влегување во кафезот во јуни, во Анахајм, Мет Митрион го нокаутира за 74 секунди.

Точансиот датум не е познат, а турнирот треба да започне во јануари. Останатите учесници се Мет Митрион, Квинтон „Рапаж“ Џексон кој во 2007 година ги обедини титулите на Прајд и УФЦ, актуелниот првак на Белатор во полутешка категорија Рајан Бадер, „Кинг Мо“ Лоуел, Каел Сонен и Рој Нелсон.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone