УФЦ: Алдо ќе се бори, но има и резервен план!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

aldo conor stare

УФЦ официјално објави дека Хозе Алдо останува на програмата на УФЦ 189, но обезбедена е резервната опција, а еден борец  е информиран дека треба да биде подготвен да прискокне по потреба. 

„Го имаме извештајот за моменталната состојба на УФЦ шампионот, Хозе Алдо, како одговор на инсинуации во последните неколку дена. УФЦ доби официјална потврда на медицинскиот тим дека Алдо нема скршено ребро. По прегледот на наодите се виде дека има лесна повреда на реброто и ‘рскавица во текот на тренингот. Алдо е подготвен и исклучително напумпан за борбата против Конор Мекгрегор“.

Така гласеше официјалниот УФЦ извештај за состојбата на Хозе Алдо, шампион и учесник  на главната борба на долго очекуваниот настан на УФЦ 189. Меѓутоа, во случај на потешки ситуации, обезбеден е план Б.

Иако Алдо потврди дека ќе настапи, официјално е познато дека УФЦ веќе има подготвено план за вонредни ситуации. Според него Чад Мендес, кој официјално е известен за настанатата ситуација, ја прифатил понудата. Тој ќе треба да се бори против Конор Мек Грегор за привремениот наслов, во случај Алдо да не е во можност да настапи на 11 јули.

Мендез е многу успешен борец со резултат 17-2, односно само со два порази и тоа од Хозе Алдо. Пред нивниот последен натпревар, во октомври минатата година, Алдо се нарече крал, Мендес принц, а Конор Мекгрегор шут на перолесна категорија.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone