Тренерот на Пинк Пантер – Ристо Грбев: Реално беше да биде нерешено! (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Боксерите на Пинк Пантер во Штип загубија во првото коло на Регионалната бокс лига од екипата на Војводина/Спартак од Србија, но воопшто не разочараа, туку, напротив, се бореа со срце и докажаа дека сопоголемо исксутво ќе бидат тврд орев за секој  противник. Можеби резултатот ќе беше поинаков ако две борби не завршеа со победа на гостинските боксери, а од Пинк Пантер тврдат дека победите требало да и припаднат на нивните боксери.

Тренерот на Пинк Пантер направи комплетна анализа на борбите од вчерашниот меч.

„Александар Ристевски го имаше првиот посериозен меч. Добро се носеше, но искутвото си го направи своето, па Вељко Глигориќ победи.

На Мухамед Кадриев противникот му е 8 пати првак на Србија, а беше и малку физички неподготвен. Во трета рунда противникот доби силен удар за нокаут, но го издржа. Судиите до тука судеа реално.

Денис Муаремовски добро се носеше, имаше чисти удари што беа за победа.

Мартин Алексов првите две рунди беше добар, а после во третата му попушти концентрацијата. Борбата во најмала рака беше требаше да заврши нерешано, а победата повеќе натежнуваше на наша страна.

Гоце Јанески многу добро избоксира. Физички подготвен и тактичко-технички добро ја водеше борбата. Тоа беше најдобрата борба.

На Илче Јоноски противникот беше надмоќен. Проценка беше да ја предадеме борбата, за да не дојде до повреда и да го сочуваме за другите мечеви.

Марко Доциќ имаше силен противник со богато искуство кој има боксирано и во Германија. Добро ја водеше борбата и тактички не прифати борба.

Александар Димовски -Димса добро ја почна борбата. По првата рунда ја прифати сугестијата да се бори од дистанца, бидејќи неговиот противник беше опасен од блиску. Ако прифатеше таква борба можеше да дојде до размена на тешки удари и да има нокаут. Со мудро водената тактика сосема заслужено дојде до сигурна победа“, истакнува Грбев.

Тренерот на Пинк Пантер е задоволен од прикажаниот бокс на неговите боксери и желбата што ја имале да го дадат најдоброто од себе.

„На почетокот мислев  дека ќе доживееме катастрофа, но кога видов со како се борат, бев сигурен дека имаме шанси и за нешто повеќе. Реално беше да биде нерешно“, посочува Грбев.

Тој укажува дека српските боксери користеле удари со внатрешниот дел на ракавиците кои се нечисти удари, а судиите не ги санкционираа, нагалсувајќи дека неговите боксери пласирале чисти удари. Ваквите удари кај нас се забранети. За ова прашање ќе треба да се разговара на стручно ниво во Регионалната лига.

Грбев искажа благодраност до публиката која ја нполни салата „Јордан Мијалков“ и се надеваме дека и на наредните мечеви ќе ја имаат голлемата поддршка.

Пинк Пантер  Војводина/Спартак 6-10

56 кг Александaр Ристовски – Вељко Глигориќ 0-3

60 кг Мухамед Кадриев – Вања Бачиќ 0-3

64 кг Денис Муаремовски – Алекса Глигориќ 0-3

69 кг Мартин Алексов – Дамјан Грмуша 0-3

75 кг Гоце Јаневски – Бошко Раус 3-0

81 кг Илче Јоноски – Денис Меметовиќ 0-3 (ТКО,Р2)

91 кг Марко Доциќ – Душан Крстин 2-1

+91 кг Александр Димса Димовски – Золтан Џараки 2-1

Регионална боксерска лига – 1.коло

Славија – Сесвете 4-14

Лазаревац Металац – Радник 4-12

Пинк Пантер – Војводина Спартак 6-10

Лозница беше слободна.

Табела

Сесвете                                  1          1          0         0         12-4    2

Радник                                  1          1          0         0         12-4    2

Војводина Спартак          1          1          0         0         10-6    2

Пинк Пантер                      1          0         0         1          6-10    0

Славија                                  1          0         0         1          4-12   0

Лазаревац Металац        1          0         0         1          4-12    0

Лозница                                0         0         0         0         0-0     0

 

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone