Тони Јока е најдобриот олимписки супертешкаш
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Toni Joka olimpiski sampion

Французинот Тони Јока е олимписки шампион во супер-тешка категорија, победувајќи го Џо Џојс на поени (29:28, 28:29, 30:27). во последната боксерска дисиплина во Рио

Џојс имаше довлно удари во телото на Јока, но ја загуби првата рунда кај двајца од тројцата судии по што не успеа да го крене нивото и најверојатно ја заврши аматерската кариера со пораз.

Минатата Олимпијада во Лондон триумфираше Ентони Џошуа, во моментов светски шампион во тешка категорија.

Узбекистан собра две злата во последниот ден во рингот, откако Шахобидин Зоиров го победи (30:27, 29:28, 29:28) Русинот Миша Алојан во мува категорија (52 кг), додека Фазлидин Гаибназаров  (29:28, 28:29, 29:28) го победи Лоренцо Сотомајор, Кубанецот кој настапува за Азербејџан во полувелтер категорија (64 кг).

Марија Клареса Шилдс е олимписка победничка во средна категорија, 21-годишната Американка во финалето беше подобра од Холанѓанката Нучка Фонтијн и славеше со 3-0.

52 кг – мува категорија, мажи

1.Шахобидин Зоиров (Узбекситан)

2.Миша Алојан (Русија)

3.Јоел Сегундо Финол (Венецуела)

3.Џијангуан Ху (Кина)

64 кг – полувелтер

1.Фазлидин Гаибназаров (Узбекистан)

2.Лоренцо Колацо Сотомајор (Азербејџан)

3.Виталиј Дунајцев (Русија)

3.Артем Харујунјан (Германија)

+91 кг – супертешка

1.Тони Јока (Франција)

2.Џо Џојс (В. Британија)

3.Филип Хрговиќ (Хрватска)

3.Иван Дичко (Казахсатн)

-75 кг – средна категорија, жени

1.Марија Клареса Шилдс (САД)

2.Нучка Фонтијн (Холандија)

3.Дарига Шакимова (Казахстан)

3.Ли Кијан (Кина)

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone