Тенеси ги укинува ММА, боксот и кик боксот?!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

ufc-logo-black

Најголемата борба оваа година во американската држава Тенеси нема да се одржи во ринг или кафез, туку на политичката сцена. Голема е веројатноста дека, како резултат на намалувањето на трошоците, државата ја укине Атлетската комисија, што би значело дека ММА, бокс и кикбокс ќе станат нелегални во Тенеси.

 Извршниот директор на Атлетската комисија на Тенеси, Џеф Мулен, за MMAFighting.com рече од 1 јули постои можност за распуштање на Комисијата.

 „Ако не се направи ништо, ако новиот закон помине до 12 февруари, Комисијата, од 1 јули да биде распуштена“, рече Мулен.

 Марк Ратнер, директор за правни работи во УФЦ, вели дека во УФЦ се обидуваат да помогнат колку што можат.

„Ние сме свесни за ситуацијата и се обидуваме да и помогне на Комисијата колку што можеме“.

 Њујорк е единствената држава во САД каде што нема Атлетска комисија.

 Еден извор, близок до MMAFighting, потврди дека распуштањето Атлетската комисија на Тенеси, всушност, е намалување на државната потрошувачка.

 Последниот настан на УФЦ во таа земја беше УФЦ на Фокс: Гилјард – Милер, кој се одржа на 20 февруари 2012 година.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone