Тајсон Фјури: Јас сум вистинскиот шампион на ИБФ, а не Џошуа (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Fjuri DZosua

Тајсон Фјури – „Циганскиот крал“ продолжи со закачки со новиот шампион на Меѓународната боксерска федерација во тешка категорија, Ентони Џошуа. Двајцата не престануваат да разменуваат остри реплики од почетокот на годината.

„Јас сум докажан шампион . Број еден сум во категоријата. Ги освоив сите појаси на рингот. Дали ме победи некој за титулата на Меѓународната боксерска федерација? Се уште сум шампион на оваа организација, без разлика што пишува на хартија“, изјави Фјури за „Скај спортс“.

Појасот на Фјури му беше одземен неколку дена откако го победи Владимир Кличко. Аргументот на Англичанецот беше дека не може да ја брани титулата поради реваншот со Украинецот.

https://youtu.be/S0EBIc9afVE

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone