Тајсон Фјури: Ме прогонуваат како што го прогонуваа и Мухамед Али
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Тајсон Фјури (25-0, 18 КО) е уверен дека политиката е причина поради  која толку долго е надвор од рингот.

Верува дека неговата двегодишна неактивност е слична на политичката борба предводена од Мухамед Али и која тешката легенда го држеше надвор од рингот.

29-годишниот „Крал на Циганите“ последен пат се бореше во ноември 2015 година, кога му го нанесе првиот пораз на Владимир Кличко за 11 години и ги освои ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО светските титули во тешка категорија.

ИБФ речиси веднаш му го одзеде појасот, бидејќи имал договорни обврски да го одработи реваншот со Кличко и не можеше да се бори со задолжителниот предизвикувач Вјачеслав Глазков. И за тоа е во право, бидејќи некои други шампиони, особено по толку голема победа, не би имале  таков третман.

Но, освен од проблемите со менталното здравје и со кокаинот, тука е и случајот и со британската Агенцијата за антидопинг, која го обвинува дека бил позитивен на допинг тест во почетокот на 2015 година За потсетување, борбата со Кличко се одржа во ноември истата година, а УКАД/UKAD се огласи по неа.

Откако ги ослободи пресотанатите наслови ја изгуби и боксерската лиценца.

Овој месец би требало да има сослушување пред Британската анти допинг комисија.

„Политиката ме држи надвор од рингот, истото тоа му правеа и на Мухамед Али. Али го држеа надвор од рингот за три години и седум месеци. Тоа не влијаеше на него. Остана запаметен како најголем“, напиша Фјури на социјалните мрежи.

Фјури и се врати на тренинзите на кои му помага поранешниот светски шампион во полувелтер и велтер категорија Рики Хатон.

Хатон вели дека поранешниот шампион во тешка категорија брзо ги губи килограмите, работи брзо со нозете и неговите рефлекси се уште се многу брзи.

„Напорно работам, напорно тренирам и сè оди добро. Килажата се симнува, парите доаѓаат. Среќен сум со она што го постигнав во кариерата, но има една стара поговорка: „Не може да го сопрете добариот човек. А тоа е она што сум. Јас сум добар човек и не можете да ме спорете, без оглед на тоа што зборува некој“, вели Фјури.

„Треба да се најде вистинско човечиште да го испрати Тајсон Фјутри на грб“.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone