Татко му на Хабиб: Хозе Алдо нема шанси во средба со син ми
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

tatkoto-na-habib

Хабиб Нурмагомедов пред себе има само една цел, а тоа е титулата на УФЦ во лесна категорија. „Игл“ се уште нема пораз во својата ММА кариера – 24 победи од 24 натпревари.

И додека Хабиб го очекува дуел со Тони Фергусон од кој победникот ќе се сретне со шампионот Конор Мек Грегор, шампионот во перо категорија, Хозе Алдо, тврди дека Русинот одбил да се бори со него за привремената титула во лесна категорија.

Според таткото на Хабиб, Алдо не е достоен да се бори со неговиот син.

„Овој меч може да биде интересен за Хабиб само поради три причини – да ја подобри активата, да не е без активност и да заработи пари. Хабиб има осум победи во оваа категорија и е подготвен да се бори на 77 килограми. А потоа да се бори со некого кој тежи 66 килограми – нема смисла во тоа. Сите ќе кажат дека тој е премногу крупен, а Алдо е ситен. Хозе Алдо нема апсолутно никакви шанси против Хабиб. Веќе 3-4 години нема човек кој сака да се бори со него. Ниту Петисs ниту Дијаз ниту Конор. Исто така и Тони Фергусон. Јас ги нарекувам овие луѓе кукавици. Нашата желба е да се бориме со најсилните борци на 70 и 77 килограми. Некој да нареди“!”

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone