Тамара Игнатовска е првата жена судија во македонското борење (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Македонското борење ја доби првата жена судија.

Младата Тамара Игнатовска (21 година) од Прилеп стана првиот женски судија во нашето борење која е поранешна борачка на 7 Мај Леов од истоимениот град.

Тамара како судија дебитираше на душекот во Неготино и во Велес оваа есен, а минатата недела беш дел од судиската екипа на Државното првенство за деца во Скопје.

Една до две години ќе собира искуство, а потоа ќе полага за меѓунордна боречка лиценца. Секако дека ова е потег за поздравување, затоа што женското борење е во подем во светот, а и фондот на судии во нашата земја е намален.

Борењето е фамилијарен спорт на Игнатовски, бидејќи татко и Сашо Игнатовски е поранешен борач на Рудар односно Злетово транс од Пробиштип. Поради работните обврски се  преселува во Прилеп, каде што работи како тренер во БК 7 Мај Леов.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone