Таборите на Џошуа и Паркер се договорија за хонорарите
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Промоторот на светскиот шампион во тешка категорија на ВБО, Џозеф Паркер (25-0, 18 КО), Дејвид Хигинс рече дека неговиот тим постигнал договор со таборот на светскиот шампион во верзиите ИБФ, ИБО и ВБА, Ентони Џошуа (20-0 , 20 КО), по прашањето за разпределбата на хонорарот од борбата за обединување на титулите која е планиран да се организира во 2018 година.

„Навистина сме блиску до постигнување на договор. Од кај Џошуа направија мал попуст и стигнавме до договор за тоа дека Паркер ќе добие од 30 до 35 отсто од вкупниот хонорар. Уште многу имаме да преговараме, но веќе постигнавме разбирање за најважното прашање. Потоа ќе преговараме за сè друго“, рече Дејвид Хигинс.

Освен тоа, стана јасно дека при спроведување реванш средба меѓу Џошуа и Паркер, тогаш Новозеландецот ќе добие 55 проценти од вкупната сума за мечот.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone