Стипе: Во пожарната ме тераат да ги мијам тоалетите
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Шампионот на УФЦ во тешка категорија Стипе Миочиќ не е од оние луѓе коии трчаат по славата.

Самиот изјави дека неговите колеги во противпожарната служба се однесуваат сосема нормално со него, во никој случај не го менуваат својот став по уште една победа.

Стипе ја одбрани титулата во тешка категорија со нокаут во првата рунда против Жуниор дош Сантос.

„Опкружен сум со добри луѓе. Жена ми е неверојатна, моето семејство, пријателите, соиграчите. Моите колеги во противпожарната служба. Тие ме држат цврсто да стојам на земја“.

Тој открива каков е односот спрема него во противпожарната служба.

„Обично, влегувам таму, тие ми велат  „честитки“ и ме праќаат да го измијам тоалетот или штобило. На нив навистина не им е гајле за тоа“.

Тој објасни и зошто одлучил да стане пожарникар.

„Го сакам тоа што го правам. Во текот на целиот свој живот и помагам на луѓето. Претходно ми помага и на мене, поради што сакам да возвратам за гестот. Вложив многу напор за да ме примат во противпожарната служба. Сакав да ја натерам мајка ми да се гордее. Да знае дека има син кој работи напорно“.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone