Среќен роденден Чак Норис: Еве неколку „најјаки“ факти за него!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

chuck norris birthday

Американскиот мајстор на боречките вештини, телевизиски и филмски актер, најпознат по неговата улога како Кордел Вокер во ТВ серијата „Вокер“, „Тексашкиот ренџер“, Чак Норис, денес го слави својот 75-ти роденден.

Норис е роден во Рајан во американската држава Оклахома, САД. Тој имал тешко детство, а во 1958 година се приклучил на воздухопловство на САД. Таму тој се здобил со прекарот „Чак“ и почнал да тренира танг су до, во која се здобил со црн појас. За кратко време отвора ланец на карате школи. При една демонстрација на боречките вештини го запознава Брус Ли, а потоа глумеше негов непријател во филмот „Враќањето на змејот“, кој му донесе широка популарност.

 Кон крајот на 2005 година, Норис стана предмет на интернет феноменот познат како „Факти за Чак Норис“, во кои се слави неговата непобедлива моќ. Па, еве ги некои од најдобрите;

 Чак Норис ја изеде роденденска торта пред да дознае дека внатре има стриптизета.

 Зошто Чак Норис не ја изгубил невиноста? Чак Норис никогаш не губи.

 Што прави кондуктерот кога во трамвајot влегува Чак? Купува билет!

 Чак Норис претходно работел како дрвосечач. Во прашумата наречена Сахара.

 Колку склекови направи Чак Норис ? Сите.

 Кога еден ден многу му се брзало, Чак Норис скокнал од авионот и продолжил пеш.

 Кога Чак Норис јаде кикрики тој точно знае кој е кики, а кој рики.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone