Србија без конкуренција во екипниот дел, Македонија трета и во двете конкуренции (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Србите се победници во екипна конкуренција и кај мажите и кај жените конкуренција на Балкаснкото џудо првенство за сениори во Скопје ко заврши денска. Втора е турската репрезентација, а Македонија освои бронзени медали и во двете конкуренци, но без победа, бидејќи ги загубија средбите со Србија и Турција.

Штета е што не учествуваа најдобрите џудисти од Косово, Србија и Турција. Па така на Балканското имаше 88 натпреварувачи во 14 категории.

Да потсетиме дека вчера бронзени медали освоија Берна Шерифовска во категорија 57 килограми и Александра Најдоска во категорија 78 килограми, како Игор Стојаноски во категорија до 100 килограми.

Телевизија Алсат М пишува дека се случил скандал при доделувањето на наградите, откако две натпреварувачки од Србија не ја испочитувале државната химна на Косово и го напуштиле подиумот. Веста ја потврдил и селекторот на Косово, Дритон Кука, кој на социјалните мрежи напиша дека „церемонијата на доделување на наградите беше неспортска, бидејќи натпреварувачите на соседната држава не останаа на подиумот за време на кревањето на знамето и интонирањето на химната“. Инаку џудистките на Косово Дистрија Красниќи и Лоријана Кука освоија златни медали.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone