СКАНДАЛ на СП во џудо: На Иванов му досудија победа, по 20 секунди противникот се радуваше!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Невиден скандал се случи на Светското првенство во џудо во Будимпешта, Унгарија, во режија на главниот судија. Имено главниот судија во 4-тото коло на СП во категоирјата до 81 килограм досуди победа за Бурагинот Ивајло Иванов, а, кога веќе си честитаа победа противниците, делителот на правдата победата му ја додели на монголскиот џудист  Ууганбаатар Отгонбаатар.

На две минути пред крајот Бугаринот направи класичен ипон кој судијата го досуди и го прогласи Иванов за победник. Монголецот му честиташе на Иванов за победата, а во тој момент судијата чекаше околу 20 секунди, за да ја одложи ситуацијата. Кратко потоа, Бугаринот доби опомена за пасивност и Отгонбаатар се радуваше со конечната победа.

Со оваа одлука на Иванов му беше оневозможено да настапи во четвртфиналето.

„Јас, како и луѓето кои го разбираме џудото во Бугарија за прв пат гледаме вакво нешто. Ја гледав средбата и кога видов како со техниката „осотогари“ Ивајло го разби, тоа беше чист, класичен ипон. Апсолутен! Централниот судија и двајцата судии зад камерите веднаш го забележаа. Така, како што е по правилата. Не можам да верувам дека потоа средбата продолжи. веднаш испратив официјално писмо до Светската федерација во кое напишав дека секој човек кој се занимава или занимавал со џудо го видел поентирањето на Ивајло и ова дефинитивно е жално итн. Исто така, побарав од нив формално да одговорат на одлуката на судијата.

Тоа е скандалозно! Се поиграа со сиот вложен труд на Иванов пред СП. Сурово не поразија, и сè уште не можам да верувам дека тоа е вистина. Колку пати и да ја гледам акцијата, тоа е чист ипон“,рече по скандалот генералниот секретар на БУЏУДО, Асен Коруџиев.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone