Сканадал пред Европските игри: Каратистите и борачите чисти на допинг тестот на МОК, еден спортист најверојатно е позитивен!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

karate podgotovki za ei

Никој од борачите не е позитивен на допинг тест, акој спортист е не знам. Само знам дека позитивниот спортист не е од боречките спортови, вели Чедо Николовски, претседателот на Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ).

И каратистите се нашле меѓу десетте тестирани спортисти, но нивните наоди биле чисти. Така што ниту еден од потенцијалните освојувачи на медал не е позоитивен.

И претседателот на Самбо федерацијата на Македонија, Ердал Факиќ, ни потврди дека и нивниот претставник на Европските игри не е позотивен на допинг контролата.

Cedo Mok

Инаку Македонскиот олимписки комитет денес лиферуваше соопштение со кое обелодени дека на 4 мај била направена ненајавена, надвор од натпревар, допинг-контрола на 10 спортисти кои треба да бидат дел од македонската експедиција, која ќе настапи на Европските игри(ЕИ) во Баку, Азербејџан (12 – 28 јуни) и дека најверојатно еден од 45 спортисти бил позитивен на тестот. Шанси за медал имаме во борењето и каратето.

МОК, во соработка со Националната антидопинг комисија, нарачал тестирање на 10 спортисти, а по завршување на анализата на резултатите, направена во акредитираната лабораторија во Сиберсдорф, Австрија, биле добиени девет негативни и еден неповолен наод.

Поради разбирливи причини, не може да биде соопштено името на „спорниот“ натпреварувач додека не заврши постапката. Процедурата предвидува изјава во врска со случајот да дадат спортистот и неговиот тренер, што ќе биде разгледувана од Националната антидопинг комисија, а потоа и од повисоките тела на МОК, по што треба да се одреди казна за спортистот доколку не го обжали наодот на лабораторијата. Во случај на жалба на „осомничениот“, се прави Б-тест, но овојпат на сметка на спортистот.

Дознаваме дека антидопинг-контролата ја направиле членови на Националната антидопинг-комисија при Агенцијата за млади и спорт, предводена од д-р Илија Стоилов.

Со потпишувањето на Меѓународната конвенција за антидопинг, Македонија е обврзана да прави ненајавени тестирања врз македонски спортисти, за време, но и надвор од натпревари. Кај нас, годишно се прават 60 до 80 антидопинг-тестови, најмногу меѓу фудбалерите, но и во други спортови (ракомет, кошарка…). Тоа се прави со ждрепка, по случаен избор. Бројката на направени тестови на годишно ниво во Македонија е релативно мала, затоа што реагенсите се скапи (250 до 300 евра по примерок), а буџетот што еднаш годишно го добива Агенцијата за млади и спорт за оваа намена е 20 илјади долари. Примероците се праќаат во споменатата лиценцирана лабораторија во Австрија.

ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone