Симон Антиќ е „Големиот победник“ на Карате 1 Премиер лигата (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Simon Antik so znameto vo Okinava

Симон Антиќ ја освои Карате 1 Премиер лигата. Член на Карате клубот  Макпетрол од Скопје денеска во Окинава, Јапонија  на последниот турнир од светска Карате 1 Премиер лига, се закити со титулата ,,Големиот Победник,, за 2015 година во категорија -84 килограми.

IMG_1539

 Антиќ со учеството на турнирите во Париз, Ротердам, Истанбул, Хамбург, Салзбург и сега со бодовите од Окинава го освои првото место во категоријата -84 кг и од страна на првите луѓе на Светската карате федерација (ВКФ) беше прогласен за „Голем победник“ на Лигата, која со овој турнир завршува.

IMG_1538

„Со освојувањето на овој трофеј,  ние на најдобар можен начин ја крунисавме цела 2015 година. Добивме најголемо признание за сите наши учества и ангажмани во текот на годината, кои вродија со плод. Томе Тодоровски, Наташа Стефановска, Сиомон Антиќ  и Симона Заборска се македонските  каратисти кои во текот на оваа година освојуваа медали на ова престижно натпреварување. Сакам да истакнам дека за Карате клубот Макпетрол, од почетокот на формирање на Светската лига до сега, ова е вкупно трет трофеј со најголем сјај. Да потсетиме дека Наташа Илиевска во категоријата -55 кг и Жарко Арсовски во категоријата +84 кг, претходно имаат вакви титули,  сега и Симон Антиќ се придружува на македонските карате великани. Да се биде генерален победник во најелитното натпреварување од светски рејтинг, е најпосакуваното нешто на секој каратист. Со ова постигнување нашата држава Македонија и клубот Макпетрол се става во редот на најуспешните држави кои учествуваат на ова елитно натпреварување во светската Карате 1 Премиер лига“, изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone