Се пензионира трикратниот светски првак Роберт Гереро
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

По 16 години во професионалниот ринг и низа возбудливи мечеви, Роберт Гереро (33-6-1-2 НЦ, 18 КО) го објави крајот на кариерата.

34-годишниот Американец минатиот викенд загуби со прекин од Омар Фигуероа и тоа беше неговиот трет последователен пораз. Тој беше трикратен светски првак во две тежински категории. Два пати беше шампион на ИБФ во перолесна категорија и ИБФ шампион суперперо категорија. Беше и привремен првак од полусредна категорија на ВБА, ВБО и ВБЦ.

„Сакам да му се заблагодарам на Бог што ми даде таква кариера. Јас сум дете од мал град во Гилрој, Калифорнија, кој се искачи на врвот на боксерскиот свет. Кога бев мал, секогаш верував во себе, но и во најхрабрите соништа не замислував како дете од такво мало место може да се бори пред милиони фанови во светот“.

Гереро ги победуваше Мајкл Кацидис, Јошихиро Камегаи, светскиот шампион Андре Берто, Ерик Аикен и Џоел Казамајор. Се бореше и против Флојд Мејведер, Дени Гарсија, Орландо Салида и Кит Турман.

„На крајот, би сакал да му се заблагодарам на најпосебниот човек кој некогаш сум го сретнал во боксерската кариера, а можно е и во животот. Човек кој секогаш го прави она што е најдобро за борецот, човекот кој го промени овој спорт, човекот кој помогна да ме благослови мене и моето семејство со прекрасен живот, а тоа личност е мојот советник Ал Хејмон.

Не само што е спектакуларен консултант, тој е и прекрасен човек, голем човек и некој кој се грижи. Во спортот каде што повеќето менаџери, промотери и тренери му свртуваат грб на борецот кога веќе не може да се борат или се веќе не им се од корист, Хејмон стои гордо и храбро. Љубовта и лојалноста е тешко да се најдат во боксот, но за секој боксер кој бара тоа, не мора да го бара многу далеку, јавете се на Ал Хејмон. Сакам да и се заблагодарам на сите, вклучително и на навивачите. Се надевам дека уживавте во храброста и славата што ги оставив во рингот. Бог да ве благослови сите“.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone