Селекторот Чурлиновски ги избра репрезентативците за „Златниот гонг“
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Селекторот на боксерската репрезентација на Македонија, Петре Чурлиновски, го одреди списокот на репрезентативците за претстојниот Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“, кој ќе се одржи во петок (полуфинални борби) и во сабота (финални борби). Боите на Македонија ќе ги бранат: Алмир Нуришов, Денис Муаремовски, Јасин Лама, Артан Алиу, Лулзим Исмаили и Алим Насуфи.

„Подготовките од 23 ноември до 8 ноември ситематски и со планска работа се реализираат, а боксерите се поготвени за настап на „Златниот гонг“. Успешно ги реализиравме, како од моја страна, така и со максамилано анагажирање на репрезентативците. Сметам дека на овој турнир боксерите ќе го дадат максимумот, а секоја победа за мене ќе биде успех. Нема да биде изненадување ако некој од нив го освои трофејот „Затен гонг“, бидејќи надеж за тоа ми даде настапот на Меѓународниот турнир „Адем Јашари“ во Приштина, каде што репрезентативците достојно се претставија“, вели селекторот Чурлиновски.

На Златниот гонг ќе настапат репрезентациите на Хрватска, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија и уште некои држави кои до вечерва треба да го потврдат учеството.

Борбите ќе се одржат во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во петок од 16 до 19 часот се полуфиналните борби, а во сабота од 11 часот се финалните. Се очекува присуство на 35-40 боксери.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone