Санде Коцев: „Мојот спортски пат“ !
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

san kkocev

Денес во НУУБ „Гоце Делчев” – Штип беше промовирана книгата „Мојот спортски пат” од Санде Коцев, поранешен борач на БК „Балканец”. Промотор на книгата беше спортскиот новинар Драги Герасимов – Пушка.

– Книгата сведочи за светлите успеси на штипските борачи, вели промоторот на книгата Драги Герасимов-Пушка.

„Мојот спортски пат” е прва книга на на Санде (Сане) Коцев. Во книгата се користени документи и текстови кои ги бележеле повеќето сведоци од спортските успеси на БК „Балканец” од периодот кога Санде Коцев активно спортувал како борач.

sandeee kocev kniga

Авторот Санде Коцев на многу интересен начин ја истражил својата кариера, преку писанијата на тогашните спортски весници и часописи. Благодарејќи на архивите во Националната установа универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип и директорката Охридија Лазарова, овие пожолтени страници се рефлектираат во истражувачкото перо на Санде Коцев и се оттргнуваат од помислата да не ги прегази времето на заборавот. Инаку, Санде Коцев во неговата кариера бил шест пати државен првак на тогашна Југославија, а во 1972 година бил прогласен за Спортист на градот Штип. Балканец во негово време ја има освоено и вицешампионската титула на Европа. Богата е неговата витрина со збирка на медали и трофеи на многубројни домашни и меѓународни турнири.

К.М.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone