Риксон Грејси промовиран во црвен БЏЏ појас (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Апсолутната икона на БЏЏ, еден од најпознатите борци во историјата на овој спорт, но и пионер на слободната борба и Прајд ветеран, Риксон Грејси во четвртокот, во 58 година го доби „легендарниот“ црвен појас – највисок степен што воопшто постои во бразилското џиу џицу.

Во видеото кое го емитуваше Карлос Мачадо видливо е дека Риксон е изненаден што му е укажана таква чест, а во славеничкиот говор најпрво изјави дека појасот уште неколку години ќе стои запакуван, за да не се почувствува привилегиран, бидејќи доаѓа од семејството на Грејси.

„Треба нешто да кажам. Ова за мене е изненадување, понекогаш изненадувањата се добри, но понекогаш може да бидат и подобри. Чувствувам дека имам така посебни луѓе околу околу мене во светот, а тоа е светот на БЏЏ. Така ме изненадивте, тешко е да се опише колку сум среќен, но и понизен. Кога сум заслужил којбило појас, се чувствував исто, затоа што знам колку е инвестирано во овој спорт од мене и моето семејство. Благодарен сум на оваа укажана чест. Мислам дека ова е одличен залог за мене и за она што уште планирам да го направам во ширењето на БЏЏ-то во светот“, рече Риксон Грејси.

Но, бидејќи тој се залага за стандардизација на БЏЏ-то кога станува збор за промовирањето на појаси, Риксон верува дека по 46 години искуство со црниот појас има право на црвениот. Затоа што, според неговите правила, му недостасуваат уште шест години, за да би можела да му се укаже оваа чест. Други, пак, не се согласија со тоа.

„Во 1977 година со 18 години го добив мојот црн појас. Сега сум сопственик на црн појас 40 години. Според моите пресметки, за секоја од првите три цртички на појасот ми беа потребни три години, тоа е вкупно девет години. За следните три степени требаат по пет години, тоа се 15, односно вкупно 24 години. Следните три фази се по седум години, некои ќе сметаат поинаку, но јас мислам дека ти требаат по седум години за да стигнеш до 7-ми, 8-ми и 9-ти степен. Кога се ќе соберете, ќе ви требаат 45 години учење за девети степен. Така што себе се уште се гледам како осми степен, не како девети. Ми недостасуваат уште неколку години, со 46 години искуство би требало да го добијам. Сакам тоа да биде стандард, не да се чини дека го сум го добил преку ред“, рече Грејси.

Погледнете го целото видео:

The witnessing of a "Legendary Red Belt", the Legacy of Rickson Gracie!

Geplaatst door Carlos Machado op donderdag 6 juli 2017

.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone