Репрезентативците Егоров и Нуров ќе настапат на силниот турнир „Иван Јаригин“ во Русија
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Македонските репрезентативци Владимир Егоров (-57 кг) и Могамегаџи Нуров (-97 кг) ќе настапат на многу силниот меѓународен турнир во борење од Гран при серијата Иван Јаригин“ во Краснојарск , Русија, од 24- 29 јануари.

Учеството на македонските репрезентативци е значајно поради примената на новите правила на Обединетото светско борење (ОСБ/UWW) кои стапија на сила од 1 јануари годинава.

Тие ќе се борат за што подобар пласман и да се најдат на Рејтинг листата на ОСБ во март месец, бидејќи рејтингот ќе биде од големо значење за жребањето на претстојното Светско првенство.

Како и порано што пишувавме, со воведувањето на Светска рејтинг листа, ќе сео бодуваат и рангираат само од пет светски турнири, како индивидуелен рејтинг. Потоа, во трите боречки стила ќе има по 10 категории, од кои како и порано само шест се олимписки. Натпреварите ќе се одржуваат во два дена, а мерењето е секој ден, еден час пред борбите.

Слободен стил: сениори, У-23 и јуниори олимписки категории 57, 65, 74, 86, 97, 125;
неолимписки категории 61, 70, 79 92.

Грчко-римски стил: сениори, У-23 и јуниори олимписки категории 60, 67, 77, 87, 97, 130;
неолимписки категории 55, 63, 72, 82,

Женско борење: сениорки, У-23 и јуниорки олимписки категории 50, 53, 57, 62, 68, 76;
неолимписки категории 55, 59, 65, 72,

Кадети: 41-45, 48, 51, 55, 60, 65, 71, 80, 92, 110 кг.
Кадетки: 36-40, 43, 46, 49, 53, 57, 61, 65, 69, 73 кг.

Ученици: 34-38, 41, 48, 52, 57, 62, 68, 75, 85 кг.
Ученички:  29-33, 36, 39, 42, 46, 50, 54, 58, 62, 66 кг.

Ipon.mk

 

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone